| четврток, 6 декември 2018 |

Децата не треба да се казнуваат кога лажат

­ „Од устата на децата излегува вистината“, вели една стара поговорка, а за да стане реалност не треба да се казнуваат децата кога ќе лажат, бидејќи тоа е контрапродуктивно, тврдат канадски научници чија студија е објавена восписанието „Journal of Experimental Child Psychology“.
­

Казнувањето не ги поттикнува децата да зборуваат вистина, напоменуваат истражувачите од Универзитетот Мекгил во Монтреал.
Тие со скриена камера следеле 373 деца на возраст од четири до осум години кои се оставени сами во соба со забрана да гледат во играчка која се наоѓа зад нивните грбови.

Поголемиот дел од децата (67 посто) ја прекршиле наредбата, а две третини од непослушните потоа излажиле дека не се свртеле.

Викторија Талвар, една од учесничките во истражувањето, смета дека децата не треба да се плашат со казни. Заплашувањето со казни има спротивен ефект и само ги намалува шансите детето да ја каже вистината, посочи Талвар.

За време на експериментот, децата кои најмалку лажеле се тие кои биле охрабрувани да ја кажат вистината и кои биле уверени дека нема да бидат казнети.

Имено, кога децата биле повикани на искреност, затоа што тоа е исправно однесување („да се каже вистината е добро“), 85 посто од нив биле упорни во лажењето доколку им се заканувале, додека 45 отсто од нив ја кажале вистина верувајќи дека нема да бидат
казнети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top