Во најсилната кошаркарска лига НБА, синоќа беа одиграни девет натпревари, актуелниот шампион Сан Антонио загуби пред својата публика од Л.А. Лејкерс во дербито на вечерта.
Лејкерси предводени од Ник Јанг кој постигна 29 поени и Коби Брајант кој имаше учинок од 22 поени и 9 асистенции, го совладаа Сан Антонио дури по дополнителните пет минути со 112:110.
Две продолженија се играа на дуелот Мемфис - Шарлот по кој домашниот тим славеше со 113:107.
Екипата на Атланта забележа и деветтата победа во низа совладувајќи го Орландо со 87:81. За Хоукс не настапи Перо Антиќ кој поради настинка не беше во составот.
На останатите дуели постигнати се следниве резултати: Чикаго- Портланд 115:106, Вашингтон- ЛА Клиперс 104:96, Бостон - Њујорк 95:101, Бруклин – Филаделфија 88:70, Торонто - Индијана 106:94, Минесота - Оклахома Сити 92:111, Њу Орлеанс - Кливленд
119:114, Феникс - Детроит 103:105 и Јута - Мајами 103:105.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.