Употребата на орална контрацепција и користењето презервативи, се уште се табу тема кај средношколците во Македонијa.
Девојчињата веруваат дека ќе се здебелат, дека ќе им пораснат влакна или дека ќе останат стерилни од оралната контрацепција, покажало истражувањето на невладината организација ХЕРА.
Оттаму велат дека загрижувачки се податоците што младите се уште ги практикуваат традиционалните, наместо модерните методи на заштита, а со првиот сексуален однос почнуваат на 14 годишна возраст.
– Загрижувачки е што свеста за сексуално и репродуктивно здравје, е многу пониска во албанските паралелеки. А како пример го посочуваат податокот дека 13 отсто рекле дека учеле за употребата на кондом, по предметот биологија, наспроти 24 отсто од македонските паралелки- велат од ХЕРА.
Според ова здружение, повеќе од половина од наставниците бараат дополнителни обуки, материјали и алатки на оваа тема. Тие апелираат надлежните институции да преземат мерки за подобрување на образованието и едукацијата за сексуално и репродуктивно здравје во училиштата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.