Исламската верска заедница ќе го разреши велешкиот оџа кој е во притвор оти превезувал илегалци, вели реисот ул улема, Ефенди Реџепи и нагласува дека ќе почека да заврши судењето против Несим Демири бидејќи сепак остава простор дека можеби не е виновен за кривичното дело за кое се товари, јави Телма.
На велешкиот оџа Несим Демири му е одреден осумдневен притвор, откако полицијата го фати како превезува четворица мигранти од Сирија, а се соочува со казна затвор од една до пет години.
Според МВР, кај Демир Капија полициска контрола го запрела возилото „мерцедес вито“ кое го возел оџата, а во кое се наоѓале мигрантите.
Демири до пред две години беше оџа во велешката Црна џамија, но пребегна во Германија.
Телевизијата, повикувајќи се на неофицијални информации од муслиманската заедница, објави дека Демири се вратил насилно на оваа функција исто како и првиот пат. Се шпекулира дека се откажал од платата, но џамијата ја користел да лекува жени кои имаат здравствени проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.