Средбата на тројката кредитори на Грција со премиерот Андонис Самарас попладнево ќе помине во обид да постигнат консензус за повеќе структурни реформи, вклучувајќи ја и долго одложуваната рационализација на државната администрација. Консезус е предуслов за отпуштање на следната рата од заемот за спас на Грција во вредност од 2,8 милијарди евра, пред Самарас и министерот за финансии Јанис Стурнарас да заминат за Брисел, каде што в четврток почнува самит на ЕУ. Се очекува да се разговара и за слабата наплата на даноци, само еден ден откако Стурнарас најави дека ќе бидат вработени дополнителни 4.000 даночни инспектори за да се интензивира собирањето данок.
Тројката вчера разговараше со грчки владини претставници за теми за кои не се согласуваат, вклучувајќи ги и плановите за плаќање за компаниите и поединците кои имаат долгови по основа на социјално осигурување и за данокот на имот кој во 2011 година беше воведен како итен, но за кој тројката, наводно, врши притисок да се продолжи за да се покрие дупката во приходите.
Едно од најважните прашања е државната администрација. Тројката, наводно, изразила задоволство од почетните планови за рационализација на министерствата што им ги претставил министерот за административна реформа, Андонис Манитакис. Според добро упатени извори, плановите вклучуваат месечна анализа на напредокот на т.н. шема за мобилност со која до крајот на годинава треба да бидат префрлени 25.000 државни службеници. Се очекува тројката да го оцени напредокот на шемата на почетокот од јуни, до кога 12.500 вработени во јавниот сектор треба да бидат интегрирани во проектот.
Процената на вработените во министерствата треба да биде завршена во наредните денови. Под лупа се повеќе од 1.300 вработени во јавниот сектор, кои го прекршиле кодексот на однесување или добиле работа со фалсификувани документи. Доколку има отпуштања во државната служба, тие ќе бидат први што ќе си заминат.
Се претпоставува дека отпуштања во државната администрација нема да има до следната година, но се очекува ова да биде разјаснето на денешната средба на Самарас со тројката. Планираните спојувања и укинувања на околу 700 државни институции, кои се очекуваат до крајот на април, ќе принудат околу 13.000 државни службеници да станат дел од шемата за мобилност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција