Грчките медиуми денеска објавуваат мапа подготвена од Институтот за бугарски јазик во Софија, според која во голем дел од северна Грција се зборува бугарски.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, во Грција на оваа мапа се гледа како на провокација, особено поради тоа што е изработена од официјален институт.
Картата на бугарските дијалекти ја изработиле тим научници од Институтот за бугарски јазик при Бугарската академија за науки и ја опфаќа „целата бугарска јазична територија“, а вклучува и аудиозапис и описи на индивидуални говори.
Проектот е реализиран со финансиска поддршка на Оперативната програма „Развој на човечките ресурси“, кофинансирана од Европскиот социјален фонд на Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.