Најдобриот кошаркар во редовите на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант на последниот тренинг ги навредуваше Ник Јанг и останатите свои соиграчи.
– Никој друг не може да ме чува еден на еден, но ти како да сакаш да бидеш онаму каде што јас сакам. Потруди се -му викаше Коби на Ник Јанг.
– Вие сте го*на. Меки сте како тоалетна хартија, беснеше Црната Мамба, притоа додавајќи:
– Дали вака се тренира, дали вака се бори, сега ми е јасно зошто загубивме 20 натпревари.
Најдобриот играч на ЛА Лејкерс упати неколку зборови и до генералниот менаџер Мич Купчак.
– Треба ли јас да се трудам повеќе, а Мич? Што треба да направам подобро? Морам да бидам подобар, овие го*на не ми помагаат -рече Брајант.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Коби Брајант: По 20 години одиграни во НБА чудно ми е што не ми недостига кошарката
-
Мајами го повлече дресот со број 32 во чест на „Супермен“ (видео)
-
Лос Анџелес го слави Коби, 24.08 е „Денот на Црната Мамба” (видео)
-
Ѕвездите со емотивни говори се простија од Коби, Џек Николсон размислува и тој да се пензионира (видео)