Екстремистите на Исламска држава им наредиле на сопственици на локали да го исклучат безжичниот интернет за време на молитва во источниот сириски град Деир ал Зур, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.
Центарот се повикува на документ на ИД, добиен од активисти, во кој се наведува сите сопственици на локали да го исклучат безжичниот интернет за време на молитва. Муслиманските молитви се вршат петпати на ден.
Документот бил издаден од самопрогласените власти на ИД во градот, кои го следат јавното однесување. Екстремистичката организација контролира поголем дел од провинцијата Деир ал Зур, како и провинцијата Рака во северозападна Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…
-
Мајчина молитва: Овие зборови секоја мајка треба да ги знае за добро на своите деца
-
Моќна молитва против лоши мисли
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија