Поранешен кошаркар на репрезентацијата на Македонија, Лестер Бо Мекејлеб, најверојатно нема да го продолжи договорот со Баерн Минхен и повторно ќе остане без ангажман.
Мекејлеб, кој потпиша едномесечен договор со Баерн Минхен, е пред истек на договорот, а тренерот на германскиот клуб рече дека не е задоволен од настапите на Бо.
Клубот се наоѓа во лоша резултатска серија во Евролигата, а стратегот Светислав Пешиќ како еден од главните виновници го посочи Мекејлеб.
– Без цврста одбрана не се стигнува до добар резултат, а ние сме очајни во дефанзива цела сезона. За лошите резултати има многу причини. Ниту засилувањето Мекејлеб, кој беше доведен да ни помогне и да ја подигне нашата игра на повисоко ниво, не го прикажува тоа што го очекував. Да бидам искрен, не сум задоволен од него затоа што тој не ни донесе ништо добро откако пристигна во Баерн – изјави Пешиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.