Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски оствари средба со Астрид Торс, висок комесар за национални малцинства на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Соговорниците дадоа позитивна оцена за досегашната соработка и истакнаа заложби за нејзино унапредување и во иднина во сферите од заеднички интерес, се вели во соопштениот од владината служба за односи со јавноста.
На средбата станало збор за спроведувањето на Стратегијата за интегрирано образование, при што беше истакната заедничката посветеност за спроведување на мерките и активностите што се содржани во неа.
-Премиерот Груевски ја запозна соговорничката со реформите што се спроведуваат за унапредување на стандардите во повеќе општествени сфери и состојбите во насока на унапредување на довербата помеѓу етничките заедници – се вели во соопштението.
Торс ја истакнала посветеноста на ОБСЕ во остварувањето на соработка во областа на реформите и давањето придонес за напредокот на Република Македонија.
Соговорниците разговарале и за спроведувањето на Охридскиот рамковен договор на централно и на локално ниво и неговото значење за унапредување на општествените сфери.
На средбата се разговарало и за активностите за континуираното унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски