Американските доктори Џејмс Мичел и Брус Џесен ја осмислиле програмата за „унапредено“ испрашување на заробени членови на Ал Каеда, а за тоа од ЦИА наплатиле неверојатни 81 милион долари.
За ова јавноста дознала откако договорот на нивната фирма со ЦИА е откриен во извештајот на Комитетот за разузнавачки работи на Сенатот. Британски Индепендент го пронашол докторот Мичел на Флорида ,кој во телефонски разговор порачал дека извештајот на Сенатот е „куп од будалаштини“.
– Демократите во Сенатот имаат план и секој Американец што ќе го прочита тој извештај знае дека тој е правен селективно за да збеснат читателите – тврди Мичел.
Од неговото интервју може да се заклучи дека смета дека постапките на администрацијата на Џорџ Буш се поблаги од тие што сега ги применуваат демократите на Обама.
– Би бил лицемер кога би ви рекол дека немам проблем со убивањето терористи. Но, убивањето деца во напади со беспилотни летале е многу поголема дамка – заклучува Мичел.
Мнозинството од седумината сопственици на фирмата „Мичел, Џесен енд асосиејтс“ порано била вклучена во американската воена програма СЕРЕ која ги обучувала војниците на преживување и отпор во случај на заробување.
Фирмата со ЦИА имала договор од 2002 година до 2009 година, а две години пред истекот на договорот Агенцијата им дала гаранции дека ќе бидат заштитени од „правна одговорност што произлегува од програмата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија
-
Тилерсон доби отказ бидејќи Трамп го нарекол „морон“? Трамп го избегна одговорот…(видео)
-
Што следела ЦИА во Југославија по смртта на Тито?
-
Анкара издаде налог за апсење на поранешен агент на ЦИА