Со месеци траела правната борба на Централната разузнавачка агенција и американскиот Сенат околу објавувањето на дел од тајните документи, кои укажуваат на страшните методи на мачење на затворениците кои ги спроведувала ЦИА.
Со вчерашното обелоденување на овие документи, јавноста дознала дека Америка не била сама во своите сурови методи, и дека имала помош и поддршка од некои земји.
Според сведочењето на неколку лица од Сенатот, напорите кои ЦИА ги вложувала овие документи да не се објават се огромни. Најмногу ги загрижувал фактот што, меѓу другото, ќе бидат откриени и државите сојузници кои им помагале во нивните сурови методи на испрашување.
Овие држави ѝ помагале на ЦИА на два начина: Овозможувале префрлување на затвореници на своја територија без неопходните бирократски процедури, што овозможува да се формираат тајни установи на тие територии, далеку од американските закони, каде што ЦИА можела слободно да ја спроведува својата тортура.
И кога сè било подготвено за откривање на имињата на овие држави, во последен момент тој процес бил сопрен, а имињата и извештајот останале тајни.
Во објавениот извештај, видовме само шифрирани имиња на бази, како на пример “Затворот Блек”.
Новинарите веднаш почнале да работат на откривање на шифрите, споредувајќи ги податоците кои ги обезбедил Сенатот и претходните извештаи за активностите на ЦИА во странство.
Било откриено дека Агенцијата водела свој бизнис со владите на некои држави, на кои скапо им плаќала за молчење и одбивање на соработка со амбасадорите, како и оние органи на власт во САД, кои барале информации за делувањето на ЦИА.
Меѓутоа, независните истраги спроведени во Европа веќе ги откриле повеќето имиња на вмешаните земји, што ги довело во многу непријатна ситуација.
Државниот секретар Џон Кери изразил загриженост по повод потенцијална одмазда кон државите-помагачи. Тој смета дека откривањето на документите по налог на Сенатот ги засрамило земјите кои се пријателски настроени кон САД.
Кери инсистирал одложување на објавувањето на документите кај сенторката Дајен Фајнстин, која одлучила да остане при првобитната одлука, одбивајќи ги барањата.
„Вашингтон пост“ го објави следниов список на земји кои биле вмешани во мачењето:
1. Држави со тајни затвори на ЦИА:
• Авганистан, • Полска, • Литванија, • Романија, • Тајланд, • Босна и Херцеговина
2. Држави кои транспарентно и дозволиле на агенцијата да формира затвори на своја територија
• Египет, • Сирија, • Либија, • Пакистан, • Јордан, • Мароко, • Гамбија, • Сомалија, • Узбекистан, • Етиопија, • Џибути
3. Држави кои ги одобриле методите за мачење на ЦИА на своја територија
• Авганистан, • Австрија, • Австралија, • Албанија, • Алжир, • Азербејџан, • Белгија, • БиХ, • Канада, • Хрватска, • Кипар, • Чешка, Данска, • Џибути, • Египет, • Етиопија, • Финска, • Гамбија, • Грузија, • Германија, • Грција, • Хонг Конг, • Исланд, • Индонезија, Иран, • Ирска, • Италија, • Јордан, • Кенија, • Либија, • Литванија, • Малави, • Малезија, • Мавританија, • Мароко, • Пакистан, Полска, • Португалија, • Романија, • Саудиска Арабија,• Сомалија, • Јужна Африка, • Шпанија, • Шри Ланка, • Шведска, • Сирија, •Тајланд, • Турција, • ОАЕ, • Британија, • Узбекистан, • Јемен, • Зимбабве.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Не зборувајте со невестата, носете само коњски реп: Гостите добиле листа со 10 правила за присуство на оваа свадба (ФОТО)
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија
-
Тилерсон доби отказ бидејќи Трамп го нарекол „морон“? Трамп го избегна одговорот…(видео)
-
Што следела ЦИА во Југославија по смртта на Тито?