Дваесетина луксузни автомобили запленети од лихварите уапсени во акцијата „Чекан“ во текот на вчерашниот ден беа префрлени во МВР. Од МВР велат дека проверката продолжува, како за нивното потекло така и за можноста осомничените да располагале и со друг движен имот.
-Станува збор за пролично луксузен возен парк. Меѓу автомобилите кои вчера беа запленети има еден Хамер, пет возила БМВ, две возила Ауди А6 и Ауди А4, Мини купер и други возила кои се скапи. Ќе се утврдува потеклото на парите и истите доколку немаат доказ ќе бидат конфискувани од страна на државата во натамошната постапка. Се проверува дали лицата располагале и со друг движен имот бидејќи постои информација дека во нивна сопственост биле и други возила кои можно е во меѓувреме да ги дале на користење на други лица, вели помошник министерот за односи со јавност Иво Котевски.
Тој додаде дека очекуваат во наредниот период сите оштетени од страна на групата да пријават конкретна штета и дека да се охрабрат детално да ги образложат случаите.
Во текот на вчерашниот ден сите 15-приведени биле изведени пред суд, на 10 од нив им бил одреден 30 дневен притвор. Истата мерка во отсуство им е одредена и на четворицата осомничени кои се во бегство.
Потрагата по првоосомничениот и останатите продолжува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.