Европската комисија и денеска, откако вчера портпаролската служба јавно изрази поддршка на кандидатот на грчкиот премиер Андонис Самарас, Ставрос Димас, за нов претседател на Грција, не негираше дека првпат зазема страна во рамки на демократски избори во нејзина земја-членка, јави дописникот на МИА од Брисел.
Маргаритис Схинас, портпарол на Еврокомисијата и поранешен грчки европратеник и член на владејачката Нова демократија, истакна дека не е ништо чудно што Комисијата смета дека Димас, како поранешен еврокомесар, е добро решение за претседател на Грција.
– Вчерашната изјава на ЕК има три елементи во себе. Прво, тоа е дека одлуката за претседателски избори е демократски избор и Комисијата чувствува дека тоа ќе разјасни многу работи во однос на грчката програма за извлекување од финансиската криза. Единствен кандидат, засега е поранешниот еврокомесар Димас, кој е убеден Европеец и за Комисијата тој факт формира јасна порака во момент кога луѓето се сомневаат во грчката посветеност на Европа, исткана портпаролот на Еврокомисијата.
Според Схинас, сепак, изборот на нов претседател на Грција, сега е во рацете на грчкиот парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција