| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени автомбилите за новиот филм за Џејмс Бонд

Автомобилите изработени за новото продолжение за агентот 007 „Spectre“, биле украдени во германскиот град Дизелдорф.

Како што објави лондонски „Гардијан“, крадците на петте „Рејнџ Ровер Спорт“ и на четирите луксузини лимузини, засега остануваат непознати. Изненадува што криминалците го оставиле моделот „Астон Мартин ДБ10“.

Автомобилите деновиве требало да бидат пренесени во австриската покраина Тирол, каде наскоро треба да започне снимањето
24­. продолжение на серијалот филмови за Џејмс Бонд.

Украдените возила се специјално изработени за да можат да ги издржат каскадесрските сцени во филмот. Нивната вкупна
вредност изнесува околу 800.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top