| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка на „Мајка Тереза“ – постар скопјанец во болница со дупната глава

Завчера на бул. „Мајка Терезе“ во Скопје,  Д.Ш. (52)  и Е.С. (49), и двајцата од Скопје, прво почнале вербално, а потоа и физички да се пресметувааат.

Во тепачката и двајцата размениле по неколку удари со боксови и употребиле тврди предмети, притоа придонесувајќи си видливи повреди, по што Д.Ш. од здобиените повреди паднал во несвест. Истиот, со возило на брза помош е пренесен во Ургентен центар каде што му е констатирана тешка телесна повреда – фрактура на череп и е задржан за натамошно лекување, додека Е.С. е приведен во полициската станица во Центар.

По целосно документирање на случајот ќе биде поденсен соодветен поднесок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top