| четврток, 6 декември 2018 |

Аврил Лавињ тешко болна

Avril-Lavigne-Photo-Albums-p1-241

Познатата канадска рок пејачка Аврил Лавињ, го отвори своето срце пред своите обожаватели и откри дека е тешко болна. На социјалната мрежа Твитер, таа открила дека не е во добра здравствена состојба, што го објаснува нејзиното отсуство од музичката сцена во изминатава година.

– Се чувствувам лошо поради тоа што не бев во можност да им кажам на моите обожаватели, зошто толку долго време ме нема. Не се чувствувам добро, имам здравствени проблеми. Молете се за мене, напиша 30 годишната пејачка.

Последен пат Аврил беше видена во јавноста на нејзиниот роденден, на 27 септември во Лас Вегас. Минатата година Лавињ се омажи за Чед Кругер, фронтменот на групата Никлбек.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top