За да се намалат трошоците за лекување во странство, но и да се реши проблемот од недостигот на лекари специјалисти, кој во Хрватска е сериозен, министрите за здравство на Хрватска, Словенија и Србија ја разгледуваат идејата за регионална соработка на лекари.
Регионалната соработка не е новост, а меѓу Србија и Хрватска од минатата година се применува во трансплантациската медицина и тоа согласно со меморандум, кој подразбира значително поширока соработка. Идејата е уште поинтересна бидејќи е познато дека, за разлика од Хрватска, но и од добар дел на Европа, и Словенија и Србија имаат вишок лекари специјалисти. Недостигот на лекари е глобален проблем, а Хрватската лекарска комора уште од 2006 година предупредува на недостиг на лекари во Хрватска и на опасноста дека тоа ќе се влоши по влезот на Хрватска во ЕУ.
Тоа сега можеме да го поткрепиме и со податоците дека дури 791 лекар од 1 август минатата година до 31 октомври оваа година побарале потврда за одење на работа во странство. Причината за заминувањето на хрватските лекари не се само малите плати, лекарите одат за подобри услови на работа и живот, како и поради фактот дека во Хрватска своето знаење и стручност не можат на соодветен начин да го стават во служба на пациентите, во најголем дел поради недостиг на опрема и технологија, истакна Хрвоје Миниго, претседател на Хрватската лекарска комора (ХЛК), со напомена дека токму поради високата конкуренција и знаењето на лекарите школувани во Хрватска, ги примаат на работа во земји во Европската унија.
Имаме недостиг на хирурзи
Иако статистиката покажува дека бројот на здравствените работници постојано расте, Хрватска се уште не го достигнала европскиот просек од 320 лекари на 100.000 жители, тој моментално изнесува 281 доктор по медицина на 100.000 жители. Според статистичкиот извештај на Хрватскиот завод за јавно здравство, во системот на здравството на РХ кон крајот на 2013 година беа вработени во редовен работен однос околу 57.000 здравствени работници, од кои 17,4 отсто лекари, а околу 60 отсто од нив работат во болниците. Во примарната здравствена заштита лани работеле 2.579 лекари, од кои 1.581 специјалисти.
Според податоците на Хрватската лекарска комора, во Хрватска моментно работат 10.410 лекари специјалисти, од тие 5.534 во болниците. Во почетокот на оваа година во нашето здравство работеле 674 специјалисти по општа хирургија, 75 неврохирурзи, 364 гинеколози, 566 радиолози, како и 489 анестезиолози. Статистиката на СЗО покажува дека Хрватска заостанува посебно по бројот на специјалисти за хирургија. Австрија на пример, во 2011 година имала речиси 90 хирурзи на 100.000 жители, додека во Хрватска беа 55. Додуша, иако истата година имавме значително повеќе педијатри, на 100.000 жители 17, од Германија со едвај 12, во Словенија беа 24, а европскиот просек беше 22 педијатри на 100.000 жители. Според бројот на лекари од општа пракса бевме над европскиот просек, како и според бројот на гинеколозите (16,52), иако имавме значително повеќе од Британците (11,52).
Во Србија невработени
Иако своевремено бројката беше околу 1.000 специјалисти кои недостасуваат на Хрватска, Хрватската лекарска комора нема точни податоци за недостиг на лекари-специјалисти. Истовремено, српскиот министер за здравство Златибор Лончар неколку патиизјави дека Србија школува повеќе лекари од што и се потребни, поради што на пазарот на трудот има многу невработени млади лекари. Планираат да изработат анализа по сите здравствени институции за да го утврдат точниот број на вработени лекари, како и за бројот на лекари кои ќе одат во пензија.
Само Факин, директор на Словенечкиот завод за здравствено осигурување, тврди дека недостигот на лекари е релативен поим. Тој истакна, дека тоа е до организацијата. Факин за „Пословни дневник“ објасни поради што и како можат да се здружат лекарските сили на ниво на трите држави. – Словенија има околу 400 лекари специјалисти на заводот за вработување. Тврдам дека имаме премногу лекари, иако Комората ќе го каже спротивното, вели тој.
Наспроти тоа, како и Хрватска и Србија, има високи трошоци за лекување во странство и тоа главно се однесува на специјалистички услуги кои бевме принудени да ги купуваме надвор, бидејќи не ја достигнавме критичната маса на лекарски тимови и поедини зафати. Пример се операции кај децата. За добар лекарски тим треба да се изведат 400 операции годишно, а тоа може да се постигне само на повеќе од 8 милиони жители, што би се постигнало со здружување на силите на ниво на трите држави и за тоа разговараме, вели Факин.
Што за тоа мислат во хрватското Министерство за здравство, од кабинетот на министерот Синиша Варга не ни одговорија. Според податоците на ХЗЗО, за лекување на хрватските осигуреници во странство во претходните две години биле издвоени по 60 милиони куни.
Како до одржливи системи
Меморандумот за соработка во подрачјето на здравството и медицината меѓу Србија и Хрватска, потпишан минатото лето, вклучува размена на знаење и експерти во трансплатациската медицина. Останатите подрачја се соработки меѓу факултетите, коморите и здравствените институции, соработка во подрачјето на стручното усовршување, изработка на здравствени насоки и стандарди, во програмите за превенција и рано откривање на карцином и слично.
Тогашниот министер за здравство Рајко Остојиќ при потпишувањето на меморандумот оцени дека постојат многу работи кои српските и хрватските лекари можат да ги научат еден од друг. На некои веќе соработуваат: од програми за превенција до размена на искуства и знаење во клиничката пракса и финансирањето во здравствениот систем.
Кој сака да работи во Хрватска? Барања поднеле 115 лекари
Од 1 јули до крајот на 2013 година, Хрватската лекарска комора примила 25 барања, а во текот на 2014 година уште 90 барања на лекари кои сакаат да работат во Хрватска, што е вкупно 115 предмети кои се во обработка или веќе се завршени.
Во Комората потенцираат дека има тенденција на раст на бројот на предмети, а бројот на барања на странките кои сакаат да ги достават своите документи достигнува неколку стотици и доаѓаат од разни краеви, дури и од разни континенти.
Во Хрватска сакаат да работат и постари специјалисти
Од наведениот број примени пријави на лекари речиси половина од нив се хрватски државјани, 14 барања стигнале од БиХ, од Србија работа во Хрватска побарале 10 лекари, седум се од Македонија, исто толку од Русија. Интересно, само 5 отсто барања дошле од државјани од членки на ЕУ, што е разбирливо со оглед на разликите во условите за работа.
Во Комората потенцираат дека, иако на почеток меѓу подносителите на барања биле главно млади лекари на возраст од 30 години и без специјализација, трендот полека се менува, па сега барања поднесуваат и постари лекари специјалисти кои сакаат да дојдат да работат во Хрватска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Панчо лут по приемот на Инфективна: Ако немаш врски на лекар, Господ нека ти е на помош!
-
Лекарите се налутија: Не го прифаќаат зголемувањето од 5 отсто