| четврток, 6 декември 2018 |

Потресна приказна на вистинскиот јунак од „Убавите села, убаво горат“: Не барам признанија, само работа!

Микајло Шимшиќ, чија судбина послужи како инспирација за култниот филм на Срѓан Драгојевиќ „ Убавите села, убаво горат“, е заборавен од сите. Со 25 чаури во телото нема право на инвалидска пензија во Србија и бара работа.

Четириесетгодишниот Микајло Шимшиќ од селото Станишевац, е еден од преживеаните српски борци кој во 1992 година бил заробен со уште шест војници во тунелот Бродар на патот помеѓу Вишеград и Рудо. Приказната за заробените војници добро е позната на широката јавност, бидејќи на филмското платно ја пренесе српскиот режисер Срѓан Драгојевиќ.

Јунакот кој преживеал вистински пекол, човекот кој до последниот ден на војната се борел, инвалид со 25 чаури во телото, живее со својата мајка Милка во близина на Вишеград, без никакви примања – заборавен од сите.

– Поминаа 20 години од случувањата во тунелот, бев таму заробен со другарите девет денови, преживеавме пекол, без храна и вода. И денес живеам така. Немам работа, работам за надница низ Србија. Не барам ништо, само работа, како поранешен борец на војската на Република Српска, за  да имам колку-толку нормален живот – вели Микајло.

Ни за време на премиерата на филмот која се одржала во Вишеград никој не се сетил на овој човек.

-Никој никогаш не ме покани ни на премиера, ни на проекција. Ние што преживеавме најдобро знаеме што навистина се случуваше во тунелот. Во филмот се прикажани можеби 20 отсто од вистината. Единствено со мене разговараше белградскиот новинар Вања Булиќ за книгата која ја пишуваше – вели Микајло, кој не сака многу да зборува за деновите поминати во тунелот, бидејќи тоа му буди ужасни спомени.

Тој септември во 1992 година, седум војници од третата чета на Дринскиот баталјон, гу чувале мостот пред тунелот Бродар, внимавајќи муслимаснките единици да не преминат на десната страна од реката Дрина. После неколку дена сел кањон горел, а српската единица се повлекла во тунелот каде се нашла во замка, заробена од двете страни, без можност да излезат од тунелот долг 97 метри. Така поминале девет дена, под напади од бомби од страна на муслиманските војници. Милова Лучиќ и Владан Гавриловиќ умреле ранети во тунелот, тешко ранетиот Новак Арсиќ се самоубил пукајќи си во главата, а Стеван Паниќ го убиле додека го чувал телото на својот побратим Милован.

Останатите тројца српски војници меѓу кои и Микајло после загубата на своите другари решиле да излезат од тунелот, макар и погинале, и за некое чудо успеале да преживеат.

– После овие трауми повторно се вратив во војна да ја бранам својата држава и останав до последниот ден. Редовно одев до тунелот и палев свеќи за загинатите другари. Се надевав на подобар живот после војната…вели тој и додава дека активно бара работа, но постојано го одбиваат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top