| четврток, 6 декември 2018 |

Следбениците на Вранишковски бараат тој да се изведе пред суд

jovan

Следбениците на расчинетиот владика Јован (Зоран Вранишковски) преку медиумите бараат да не се одложува повеќе рочиштето за српскиот архиепископ Јован. Веќе една година и три месеци откако архиепископот охридски и митрополит скопски г.г. Јован се наоѓа во притвор, велат тие, а последниот процес бил пред три месеца.

„И покрај препораките од Европската унија за неодолговлекување на судските постапки, овој процес постојано се одложува; имено, најпрвин беше закажан за 16 јануари 2013 година, па беше одложен. Потоа, беше одложено и рочиштето закажано за 20 февруари 2013 година. Архиепископот Јован е во притвор, Епископите, монаштвото и верниците редовно се пријавуваат во судот, та следствено тие не се причина за одложувањата на судскиот процес. Се добива впечаток како да постои политичка одлука за одложување на судската постапка, како и со условите и третмснот во затворот се потврдува притисокот врз митрополитот, се вели во соопштението на следбениците на Јован Вранишковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top