Ливерпул по пет сезони се врати во Лигата на шампионите, но натпреварите ги заврши во групната фаза. Синоќа на „Енфилд“ му беше потребна победа над Базел, но Ливерпул одигра дома 1:1.
– Ја имавме поддршката од навивачите, но за жал не успеавме. Знаев дека ќе биде тешко откако успеавме да изедначиме. Имавме малку време и играч помалку. Мојот гол даде надеж, но после ваква игра не заслуживме да минеме понатаму. Едноставно не бевме доволно добри, не само на овој натпревар, туку на сите шест, изјави по дуелот капитенот на „црвените“ Стивен Џерард.
Ливерпул на пролет како третопласиран во групата ќе ги продолжи натпреварите во Лига Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


