
Битолчанец беше најсреќениот по извлекувањето во 95. коло на „Новолото“. Нему му падна седумката во „Новолото“ на Државна лотарија на Македонија. Среќното ливче го уплатил во уплатното место ДОЕЛ 15 во Битола.
– Тој секогаш уплаќал по три ливчиња. Како што кажува самиот, не го следел извлекувањето, туку за својата добивка дознал дури по две кола, кога направил проверка дали има некаква добивка на уплатните комбинации. Со задоволство им се радува на празниците, замислувајќи желби, кои благодарение на оваа убава добивка, ќе може да си ги реализира во текот на следната 2015 година – велат од Државната лотарија.
Само за потсетување, ова е трета премија во текот на 2014 година. Претходно, 47. коло на „Новолото“ емитувано на 11.6.2014 година му донесе среќа на добитник со уплата во скопски Хиподром, а 18. коло емитувано на 1.3.2014 година од 20 часот на „Сител“ ја донесе првата премија годинава на играч од скопската населба Чаир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


