| четврток, 6 декември 2018 |

Поради големо интересирање, закажани уште два термина за претставата „Централ парк-Запад“

Поради големиот интерес на публиката за најновата претстава „Централ парк-Запад“ од Вуди Ален, а во режија на Игор Ивковиќ, независната сцена „Театар 007“ пред Нова година отвори два нови термини за реприза, и тоа 14 и 16 декември со почеток од 21 часот.

-Навистина сме пријатно изненадени од интересот на публиката. Премирата и првата реприза на 11 декември веќе се распродадени. Токму поради тоа, како театар решивме да отвориме уште два нови термини на 14 и 16 декември затоа што интересот за интелектуалниот хумор и несекојдневната комедија која ја создадовме на „Малата сцена“ на Унвиерзална сала – Скопје покажува дека нашата публика навистина знае да ги препознае вистинските уметнички вредности – вели Миодраг Костиќ, продуцент на „Театар 007“.

Едночинката „Централ парк – Запад“ е конкретена и реална психолошка дисекција на меѓучовечките односи во современото живеење. Неверството, лагите, сексот, љубовта, современата болест „депресијата“, се главните теми околу кои се создаваат сите „вообичаени“ човечки ситуации, во „невообичаен“ средина на луѓе за кои никој никогаш не би помислил дека имаат такви проблеми.

Режијата е на Игор Ивковиќ, а продуцент е Миодраг Костиќ. Во неа играат: Ирена Илиевска, Ангела Наумоска, Марко Богдановски, Јеткин Сезаир и Елизабета Клинчаревска-Младеновска.

За дизајнот на претставата се погрижи Маре Трајковска, која изработи одлични уникатни костимографски и сценографски решенија.

Билет за претставата „Централ парк-Запад“ чини 200 денари и може да се набави на билетарницата на Универзална сала-Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top