| четврток, 6 декември 2018 |

ЛШ: Најинтересно во Монако и во Ливерпул, Реал Мадрид брка рекордна 19. победа по ред

Вечерва се игра последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите во групите А, Б, Ц, Д.
Најитересно ќе биде во групата Б во Луверпул, каде што домашната екипа игра против Базел. Ова е дуел кој одлучува кој ќе биде вториот патник во натамошната фаза. Ливерпул заостанува два бода зад Базел и со евентуална победа ќе се пласира на второто место.
Неприкосновен лидер во оваа група е Реал Мадрид, кој на домашен терен брка рекордна 19. победа по ред во Лигата на шампионите.

Во Монако се игра уште еден натпревар кој решава за вториот патник во групата. Монако го пречекува Зенит и победникот од овој дуел ќе му се приклучи на Баер Леверкузен, кој е сигурен патник иако има тешко гостување во Лисабон против Бенфика.

Вечерашни натпревари:

Група А:

Јувентус – Атлетико Мадрид, Олимпијакос – Малме

Група Б:

Реал Мадрид – Лудогорец, Ливерпул – Базел

Група Ц:

Монако – Зенит, Бенфика – Баер Леверкузен

Група Д:

Галатасарај – Арсенал, Борусија Дортмунд – Андерлехт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top