| четврток, 6 декември 2018 |

Се намалиле трошоците на живот во ноември

тросоци

Трошоците на животот во ноември годинава се непроменети од претходниот месец, а цените на мало се намалиле за 0,3 отсто. Трошоците на животот, пак, во ноември годинава, во споредба со овој месец лани бележат намалување од 0,3 отсто, а цените на мало намалување од 1,7 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на трошоците за живот во ноември е забележан кај свежиот зеленчук за 5 отсто, други прехранбени производи за 0,7, јајцата и конзервираните месни производи за 0,6, алкохолните пијалаци за 0,5, лебот и житариците и рибата за 0,2, цврстите горива за 5, авионскиот превоз на патници за 2,8, услугите за сместување за 1,8, текстилот за домаќинствата, големи електрични апарати, алати и опрема за куќа и градина за 0,4 отсто.

Намалување на трошоците на животот има кај свежото овошје за 5 отсто, месото за 0,4, кондиторските производи за 0,2, гасот за домаќинствата за 6,3, автомобилите за 6,1, течните горива за домаќинствата за 4,7, течните горива и мазива за 3,9, информатичката опрема за 2,9, средствата за чистење и одржување на станот за 0,9, мебелот за 0,6 и стоматолошките услуги за 0,4 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top