Американскиот претседател Барак Обама го пречека принцот Вилијам во Овалната соба во Белата куќа. Обама и Вилијам, седнати еден до друг и широко насмеани, но не дадоа изјави за краткото време во кое новинарите беа примени во Овалниот кабинет.
Ова е прва посета на 32-годишниот Вилијам, втор во редот наследници на британскиот престол, по татко му, принцот Чарлс. Принцот за средбата со Обама пристигна порано и беше прошетан да ја разгледа Белата куќа. Тој имаше кратка средба и со потпретседателот Џо Бајден.
По разговорите со претседателот, Вилијам се обрати во седиштето на Светската банка со говор за нелегалната трговија со загрозени видови.
Додека принцот Вилијам е во Вашингтон, неговата сопруга Кејт е во Њујорк. Вчера изутрина таа заедно со сопругата на њујоршкиот градоначалник, Бил де Блазио,Чирлејн Макгреј, го посети центарот за деца со пречки во развојот во Харлем. Војвотката од Кембриџ беше поздравена од неколку десетици луѓе, застанати зад полицајците од другата страна на улицата.
Ова е прва посета на кралската двојка на САД од 2011 година, и прва и за двајцата, во Њујорк и во Вашингтон.
Во февруари в година принцот Вилијам ќе биде во шестдневна посета на Јапонија и на Кина. Таму тој ќе ги претставува татко му и 88-годишна баба, кралицата Елизабета Втора, која сѐ почесто му наметнува посети во странство.
Кејт нема да го придружува својот сопруг за време на азиската посета бидејќи е бремена со второто дете и се очекува да се породи во април 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.