Децата се плашат да пријават насилство, велат бројките од годинешниот извештај на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“. Во периодот од јануари до декември 2014 на СОС телефонот за деца и млади, биле регистрирани 102 контакти. Но само во два случаи се јавиле момчиња за да информираат за некои прблеми со кои се соочуваат. Од возрасните лица кои пријавиле случај, 4 се анонимни, 1 случај е произлезен од одредена информација од медиумите и во 2 случаи дојавувач е правно лице. Се обратиле 48 лица од женски пол и 44 лица од машки пол, што според „Меѓаши“, укажува дека и лицата од машки пол се повеќе се отворени да дикутираат за проблеми кои ги имаат и да се информираат, со цел да постапат во најдобриот интерес на на децата. Најчесто повиците се добиваат од урбани средини, а според Амбадата, ова се должи на помалата информираност на луѓето кои што живеат во руралните средини во врска со правата на децата, начинот и постапката за нивна заштита, како и недоволно промовирање на СОС телефонот во овие средини.
Врз основа на информациите кои ги имаме добиено за можни прекршување на детските права и кои се структурирани според бројот на деца кои се опфатени во овие случаи, станува збор за вкупен број од 146 деца, каде што постојат сомневања за можно прекршување на некое нивно право. Податоците говорат дека сиромаштијата е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат децата и нивните семејства. Овој податок укажува на фактот дека финансиско-социјалната состојба на семејствата е значително тешка и бара поголемо внимание и поддршка од страна на надлежните институции со цел да се превенираат дополнителни кршења на детските права – посочуваат од „Меѓаши“.
Како најкарактеристични податоци кои што можат да се издвојат за децата кои се опфатени во пријавените случаи, за можни прекршувања на нивните права, регистрирани во Детската амбасада Меѓаши се:
Сиромаштија -55 деца од вкупниот број на деца кои се опфатени во случаите кои се пријавени во Детската амбасада Меѓаши живеат на работ на егзистенцијата, во субстандардни услови.
Семејно насилство – 16 деца од вкупниот број на деца потенцијални жртви биле незаштитени и изложени на насилство во своето семејство.
Бракоразводни постапки– 15 деца биле потенцијални жртви на прекршување на правото на детето при бракоразводни постапки .
Сомнеж за сексуална злоупотреба- 3 деца биле жртви на сексуална злоупотреба или постои сомнеж за сексуална злоупотреба од страна на близок или познаник на детето-жртва
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.