| четврток, 6 декември 2018 |

Над 70 отсто од Турците сметаат дека Ердоган е добар претседател

Над 70 проценти од турските граѓани сметаат дека Реџеп Тајип Ердоган е добар претседател, покажуваат податоци од анкета, пишува весникот „Сабах“.

Според податоците на анкетата на агенцијата МАК Данишманлук, извршeна од 1 до 5 декември и со која се опфатени 10.800 турски граѓани од 17 окрузи, само 19,5 проценти од анкетираните сметаат дека Ердоган не е добар претседател.

На прашањето за која партија би гласале, ако утре се одржат општи избори 45,8 отсто одговориле дека би гласале за владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), додека 23 отсто би гласале за опозициската Републиканска народна партија (НРП).

Над половина од анкетираните изјавиле дека ја одобруваат изградбата на новата претседателска палата. Околу 58,6 проценти одговориле дека новата претседателска палата била неопходна, а 32 проценти дека немало потреба од изградба на палата во вредност од над 600 милиони долари.

Околу 65 отсто од Турците изјавиле дека го одобруваат процесот за мирно решавање на курдското прашање, што се води од крајот на 2012 година, додека 24 проценти се изјасниле против процесот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top