Денеска во хотелот „Александар палас“ ќе се одржи донаторската конференција за изградба на црквата „Свети Константин и Елена“.
Конференцијата ја организира Македонската православна црква-ОА и фондацијата „Св. Цар Константин“.
Изградбата на црквата е веќе почната во центарот на Скопје. Темелите на црквата беа осветени пред две години на нова локација на ул.„Македонија“ во центарот на Скопје.
Црквата првпат била изградена во 1927 година на плоштадот, кај сегашен ГТЦ. Во 1963 година земјотресот оштетил дел од неа, а целосно била урната во 1970 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Марко Новески, Вики Ристовска и Владимир Блажевски – DJ Shorty P aкa Панчо донираа за СОС Детско село
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Ценовник од македонска црква предизвика лавина од негативни коментари