На германската канцеларка Ангела Меркел ѝ се слошило за време на синоќешното телевизиско интервју, но по кратко продолжила и потоа дала уште неколку интервјуа, соопшти нејзиниот портпарол.
Меркел среде разговорот со домаќинот на телевизијата ЗДФ ненадејно се почувствувала лошо, по што направила пауза. По кратка пауза, продолжила со интервјуто, кое било дел од серијата интервјуа пред денешниот конгрес на нејзината Конзервативна партија.
Шеесетгодишната Меркел, која е канцелар на Германија веќе 10 години, по интервјуата продолжила со дружење со медиумите, информираат од нејзиниот кабинет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.