Поранешната девојка на Хју Хефнер и Плејбој зајачица, Кендра Вилкинсон е една од натпреварувачките во реалити шоуто „I’m A Celeb…Get Me Out Of Here“, во кое своите колеги натпреварувачи секојдневно ги информира за најинтимните детали од нејзиниот живот.
Таа прво детално им опишала како изгледа сексуален однос со 60 години постар маж, а потоа раскажувала за периодот кога имала 18 години и почнала да се занимава со стриптиз.
Кариерата на стриптизета во случајот на Кендра траела само шест месеци, признавајќи дека за тој период успеала да заработи 500.000 долари. Имајќи предвид дека за првиот ангажман како стриптизета добила 4.000 долари само за да седи покрај еден клиент.
– Сакам да се забавувам, сакав да видам колку можам да заработам. Беше лесно да се прошеташ околу шипката, да ја соблечеш облеката и парите сами се лепат за тебе, објаснила Кендра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.