| четврток, 6 декември 2018 |

Кендра: Морав да се опијам пред да имам секс со Хју Хефнер

Познатата зајачица и екс станарка во вилата на Хју Хефнер, Кендра Вилкинсон открила детали од сексуални односи со Плејбој кралот.

– Воглавно морав да бидам многу пијана за да можам да го поднесам сексот со Хју. Се трудев да не размислувам за тоа. Многу алкохол и марихуана­тоа е она што ми помагаше за да можам да преживам додека се сексав со него – вели Кендра, која денес е мајка на две деца.

Сексот со Хју таа го доживувала како работа.

– Тоа беше работа за мене. Имавме односи околу еден час, по два пати во неделата. Ќе ме повикаше да одам кај него во соба, ќе се качев на катот, ќе завршевме работа и потоа пак си се враќав долу кај другите девојки – открила зајачицата.

Кендра имала 18 години кога се вселила во вилата на Хефнер. Кога отишла да живее таму, незнаела дека ќе треба да спие и со Хју, но поради тоа што сакала да побегне од сиромаштијата и родителите кои ја малтретирале решила да прифати се што и нуди Плејбој кралот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top