Последните врнежи од дожд го зголемија нивото на Црна Река на критично ниво, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола. Од таму велат дека високиот водостој на Црна Река и влагата во почвата во Пелагонија предизвикуваат проблеми за есенската сеидба. Сеидбата на есенските култури е запрена веќе две недели, како и жетвата на пченката во зрно. Општините каде што минува Црна река од Владата ќе бараат средства за чистење на коритото, а се размислува да се изгради и вештачко езеро кај селото Егри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.