| четврток, 6 декември 2018 |

Орхан Памук: Во Турција владее страв

орхан

Турскиот писател и нобеловец Орхан Памук изјави во интервју за Хуриет дека во државата владее атмосфера на страв и ја обвини турската влада дека врши притисок врз медиумите и малтретира новинари.

– Најлошо е што постои страв. Мислам дека сите се плашат, а тоа не е нормално. Слободата на изразување е намалена на најниско ниво – изјави Памук кој во 2006 година доби Нобелова награда за литература.

Тој ја обвини владата дека врши притисок врз медиумите и малтретира новинари.

– Многу пријатели ми рекоа дека тој и тој новинар останал без работа. Сега на малтретирање се подложни дури и новинари кои се блиски до владата – вели Памук (62).

Тој изрази разочараност поради неодамнешните изјави на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој вели дека мажите и жените не се еднакви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top