| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: СДСМ не напаѓаат во здравството оти немаат одговор каде оделе парите во нивно време

Здравството е предизвик во секоја држава, дури и во најразвиените земји

lekari

Со системски промени во многу делови направени се вкупно околу 14 милиони евра заштеда без при тоа да се нанесе каква било штета на граѓаните и на здравствениот систем. Ова го изјави во обраќањето премиерот Никола Груевски на конференцијата на Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ денеска во Скопје.
Според него, има уште многу да се работи, но, здравството е предизвик во секоја држава, дури и во најразвиените земји.
Тој истакна дека се силно фокусирани на реформите во здравството, а досега, рече, има огромен напредок и во набавката на опрема и во системските промени и во градбата и реконструкцијата на здравствените објекти.
– Досега изршивме намалување на цените на над три илјади лекови, некаде и до 80 проценти. Со паралелен увоз на лекови направивме заштеда од 5,8 милиони евра, со ставење ред и транспарентност во набавката на инсулинот уште 3,6 милиони евра, а третиот тендер што е во тек за набавка на лекови, кога повторно имаме паралелен увоз, очекуваме заштеда од 3 до четири  милиони евра – рече претседателот на Владата, додавајќи оти 30 милиони евра годишно граѓаните имаат заштеда од намалувањето на цената на овие лекови.

– Затоа го напаѓаат и Груевски, и Владата и Тодоров, затоа што се соочуваат со она што ВМРО – ДПМНЕ го прави, а тие можеле, а не го направиле, напротив го правеле спротивното – рече Груевски и праша каде оделе парите од толку скапи лекови во времето на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top