
Со системски промени во многу делови направени се вкупно околу 14 милиони евра заштеда без при тоа да се нанесе каква било штета на граѓаните и на здравствениот систем. Ова го изјави во обраќањето премиерот Никола Груевски на конференцијата на Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ денеска во Скопје.
Според него, има уште многу да се работи, но, здравството е предизвик во секоја држава, дури и во најразвиените земји.
Тој истакна дека се силно фокусирани на реформите во здравството, а досега, рече, има огромен напредок и во набавката на опрема и во системските промени и во градбата и реконструкцијата на здравствените објекти.
– Досега изршивме намалување на цените на над три илјади лекови, некаде и до 80 проценти. Со паралелен увоз на лекови направивме заштеда од 5,8 милиони евра, со ставење ред и транспарентност во набавката на инсулинот уште 3,6 милиони евра, а третиот тендер што е во тек за набавка на лекови, кога повторно имаме паралелен увоз, очекуваме заштеда од 3 до четири милиони евра – рече претседателот на Владата, додавајќи оти 30 милиони евра годишно граѓаните имаат заштеда од намалувањето на цената на овие лекови.
– Затоа го напаѓаат и Груевски, и Владата и Тодоров, затоа што се соочуваат со она што ВМРО – ДПМНЕ го прави, а тие можеле, а не го направиле, напротив го правеле спротивното – рече Груевски и праша каде оделе парите од толку скапи лекови во времето на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница


