Во сиромашно предградие на Стокхолм синоќа избија немири во кои хулигани фрлаа врз полицијата со камења и Молотови коктели, по што беа приведени 11 луѓе.
Портпарол на полицијата изјави дека засега не се знае кои се организаторите, но четворица од приведените се помлади од 18 години.
Во мај во стокхолмското предградие Хусби млади имигранти покренаа протести откако полицаец уби еден Португалец. Во тие немири кои траеја една недела во Стокхолм беа опожарени повеќе стотици автомобили.
Во синоќешните немири нема повредени, но запалени се десетина автомобили, а оштетени неколку полициски возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крваво утро во Стокхолм: Експлозија во близина на метро станица, маж се бори за живот (видео)
-
Скопје ќе биде домаќин на Манчестер јунајтед, „црвените ѓаволи“ ја освоија Лигата на Европа (видео)
-
Манчестер јунајтед со офанзивен состав ќе е обиде да стигне до трофеј во Лигата на Европа
-
Цел Стокхолм е „црвено-бел“, навивачите на Манчестер далеку побројни во центарот



