
Три години поминаа од смртта на македонската легенда Гоце Арнаудов. Еден од најпознатите пејачи, легенда на македонската музика, Гоце Арнаудов почина на 52-годишна возраст.
Арнаудов е роден во Струмица на 19-ти август 1954. Тој има испеано повеќе од 200 песни, учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Арнаудов со музика започнал да се занимава уште на десетгодишна возраст.
Неговите песни и ден денес се хитови и се пеат и од младата популација. Во продолжение потсетете се на дел од најголемите хитови на легендарниот Гоце Арнаудов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


