
Турција забрани влез во државата на повеќе од 7.000 осомничени странски џихадисти кои сакаат да заминат во Ирак и Сирија, соопшти МНР на Турција.
Турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу го обелодени тоа на конференција на ОБСЕ во Базел дека Турција на листата за забрана за влез ставила 7.200 имиња.
– Турските власти депортираа повеќе од илјада осомничени странски терористи од 2011 година, нагласи Чавушоглу.
– Во дел случаи тие кои ги депортираме повторно завршуваат на крајот на нашата граница, изјави шефот на турската дипломатија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


