| четврток, 6 декември 2018 |

Западни медиуми: Русија даде нов повод за соработка меѓу НАТО и ЕУ

stock-photo-48195380-waving-nato-eu-and-russia-flag„Решителната Русија“ даде нов повод за соработка меѓу НАТО и Европската унија во областа на европската безбедност, пишува The Wall Street Journal. Како што забележува весникот, седиштата на НАТО и ЕУ во Брисел не се далеку еден од друг, но во историјата на постоењето на овие организации имало далеку поголема „далечина“.

Сепак, како што објави Руска реч, сега кога се појави „предизвик“ од страна на Москва, се појави нов повод за соработка меѓу двете структури, се кажува во статијата. Весникот цитира висок европски дипломат, според кого за Русија „Европската унија имала улога на добар полицаец, а НАТО – лош“. „Сега двете организации се лоши во очите на Москва“, додаде изворот за весникот.
Весникот пишува дека зближувањето на Алијансата и ЕУ не се случува само поради Русија. Делумно на југот од Европа се забележува опасност која доаѓа од Блискиот Исток и од Северна Африка, се појаснува во статијата. Многумина во административниот апарат на ЕУ сметаат дека има смисла зближувањето на НАТО и ЕУ и во оваа сфера.
Претходно The Wall Street Journal напиша дека владите го повикуваат НАТО повторно да ги разгледа воените контакти со Русија, бидејќи во Европа се појавува страв од поголем притисок од страна на Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top