| четврток, 6 декември 2018 |

Амбулантни и противпожарни возила на помош, тешка сообраќајка кон Драчево

сообракајкаВо тешката сообраќајна несреќа вечерва околу 22 часот и 30 минути на булеварот Борис Трајковски кон Драчево во близина на фабриката „Охис“, оштетени се најмалку две возила.

На местото на несреќата беа пристигнати 2 амбулантни и едно противпожарно возило, како и увидна екипа на МВР.  Од ударот едно од возилата беше целосно уништено, превртено на покривот, а моторот беше излезен од шасијата. Друго возило беше набиено во ограда од стопански објект спроти Охис.

За сега нема детали за несреќата ниту за евентуалните жртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top