Српската полиција дознала дека се подготвува атентат врз режисерот Емир Кустурица, откако ги преслушкувала телефонските разговори на уапсениот Бобан Инѓиќ, командант на бригадата на Вишеград, во кои било спомнувано дека режисерот претставува пречка поради блискоста со Милорад Додик.
Познатиот режисер сакале да го убијат некогашни припадници на групата „Одмазници“, бидејќи сметале дека Кустурица им пречи во нивните бизнис интереси, пишува српски „Ало“.
Тоа било откриено откако полицијата ги прислушкувала телефонските разговори на членовите на оваа група кои, пак биле на „радарот“ на српската и на босанската полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.