| четврток, 6 декември 2018 |

В петок почнува „Големиот брат“

so-soraja

Реалното шоу што го чека целиот Балкан ќе почне со емитување многу порано од најавеното – 15 март е официјалниот датум на емитување на „Големиот брат“. И уште една новост. Како што првично најавија, шоуто беше планирано да трае 30 дена, но дошло до измени и на ова поле. Продуцентите одлучиле дека доколку гледаноста биде навистина голема, постои и можност да трае и подолго од планираното.

ава карабатиќ

„Големиот брат“ во Србија ќе се емитува на телевизијата „Б92“, а кај нас екскулзивно ќе може да го следите преку телевизијата „Сител“. Како што веќе напоменавме, новите станари што ќе се најдат во куќата на „Големиот брат“ се хрватската старлета Ава Карабатиќ, актерката Даница Максимовиќ, модната креаторка Ивана Стаменковиќ-Сидни, хрватскиот пејач Тони Монтано и актерот Владимир Петровиќ, а за нашиот претставник сè уште немаме информација.

marijana-i-nemesh-heder

Добро познато за секој што прифаќа да биде дел од некое реално шоу во почетокот следува изјавата дека се пријавиле да ѝ покажат на јавноста кои се, всушност, тие, но, како и да е, секој се надева дека дома ќе ја однесе главната награда, во случајов 50.000 евра. Минатата година Марјана беше изборот на публиката, да видиме кој  ќе успее да ја понесе титулата најдобар оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top