Реалното шоу што го чека целиот Балкан ќе почне со емитување многу порано од најавеното – 15 март е официјалниот датум на емитување на „Големиот брат“. И уште една новост. Како што првично најавија, шоуто беше планирано да трае 30 дена, но дошло до измени и на ова поле. Продуцентите одлучиле дека доколку гледаноста биде навистина голема, постои и можност да трае и подолго од планираното.
„Големиот брат“ во Србија ќе се емитува на телевизијата „Б92“, а кај нас екскулзивно ќе може да го следите преку телевизијата „Сител“. Како што веќе напоменавме, новите станари што ќе се најдат во куќата на „Големиот брат“ се хрватската старлета Ава Карабатиќ, актерката Даница Максимовиќ, модната креаторка Ивана Стаменковиќ-Сидни, хрватскиот пејач Тони Монтано и актерот Владимир Петровиќ, а за нашиот претставник сè уште немаме информација.
Добро познато за секој што прифаќа да биде дел од некое реално шоу во почетокот следува изјавата дека се пријавиле да ѝ покажат на јавноста кои се, всушност, тие, но, како и да е, секој се надева дека дома ќе ја однесе главната награда, во случајов 50.000 евра. Минатата година Марјана беше изборот на публиката, да видиме кој ќе успее да ја понесе титулата најдобар оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Актерите се простуваат од Ванчо: Замина една од најголемите легенди на Драмски!!!
-
Драма, пари и секс: Богатите Англичани снимија реално шоу на хрватскиот остров Хвар (видео)
-
Што ли ќе прават пред камери: Кумашинката на Заев и Спејко во реално шоу
-
Одат напред, ама сакаат назад: Пејачите не знаеле дека Владата ги прави носители на политичка кампања, ама сепак ќе пеат