Поранешниот претседател на ЕК, Жозе Мануел Баросо изрази увереност дека процесот за проширување на ЕУ ќе продолжи и земјите од Западен балкан ќе станат негови членки многу брзо.
– Горд сум од фактот што како претседател на ЕК му предложив на Советот на ЕУ да започне преговори со Србија и Црна Гора, истакна денеска Баросо на меѓународната конференција „ЕУ и Западен балкан 2015-2020“ во Белград, организирана од Институтот за државна политика.
Тој нагласи дека проширувањето на Унијата досега претставувало голем успех и им овозможило просперитет и стабилност на земјите-членки.
– Ако ЕУ не се проширеше кон балтичките земји, Бугарија и Романија, тогаш денес немаше да имаме само една криза како оваа во Украина, туку многу кризи на Стариот континент, додаде Баросо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.