| четврток, 6 декември 2018 |

Шешељ бара инвалидска пензија од БиХ

Лидерот на српските радикали Воислав Шешељ побара од Босна и Херцеговина да му обезбеди исплата на пензија врз основа на инвалидитет.

Тој, најверојатно, и ќе добие таков вид пензија бидејќи препорака за тоа дале лекарски комисии од Србија и од Федерацијата БиХ, пишува весникот „Дневни аваз“.

Шешељ во 80-тите години од минатиот век бил вработен како асистент на Факултетот за политички науки во Сараево.

Поради националистичко дејствување, добил отказ и се преселил во Белград, продолжувајќи ја политичката кариера во Србија.

Врз основа на предвоен работен стаж остварен во БиХ, Шешељ поднел барање за инвалидска пензија, а наодот е потпишан од лекарите испратени од Белград во Хаг за да ја утврдат неговата здравствена состојба.

Дијагнозата е потврдена и од Институтот за медицински вештачења во БиХ иако хашкиот обвинет не го ни виделе, наведува весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top