Лидерот на српските радикали Воислав Шешељ побара од Босна и Херцеговина да му обезбеди исплата на пензија врз основа на инвалидитет.
Тој, најверојатно, и ќе добие таков вид пензија бидејќи препорака за тоа дале лекарски комисии од Србија и од Федерацијата БиХ, пишува весникот „Дневни аваз“.
Шешељ во 80-тите години од минатиот век бил вработен како асистент на Факултетот за политички науки во Сараево.
Поради националистичко дејствување, добил отказ и се преселил во Белград, продолжувајќи ја политичката кариера во Србија.
Врз основа на предвоен работен стаж остварен во БиХ, Шешељ поднел барање за инвалидска пензија, а наодот е потпишан од лекарите испратени од Белград во Хаг за да ја утврдат неговата здравствена состојба.
Дијагнозата е потврдена и од Институтот за медицински вештачења во БиХ иако хашкиот обвинет не го ни виделе, наведува весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Шешељ нема да оди во затвор: Судот во Хаг го осуди на 10 години затвор, кои веќе ги одлежа
-
Македонците во БиХ од денеска ќе патуваат само со лична карта
-
Дијамантска веридба – кога Шешељ нуди брак, тоа изгледа вака! (видео)