Безживотното тело кое вчера напладне беше пронајдено во камп-приколка лоцирана на плац во близина на фабриката „Киро Ќучук“ во Велес е предадено на обдукција.
Дваесет и тригодишниот Адиљ С. од с. Бузалково, Велешко, засега од непознати причини, беше пронајден со смртоносна рана во градниот кош.
Увид на самото место изврши надлежен јавен обвинител, увидна екипа од МВР на РМ и СВР Велес и Судска медицина.
Се преземаат мерки за расветлување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.