Пожарот во ОУ „Јан Амос Коменски“ во скопската населба Тафталиџе е изгаснат и досега нема информации за повредни, информираат од МВР.
Од таму велат дека околу 11 и 30 часот од засега непознати причини е опожарена една подрумска просторија, но брзо е интервенирано и пожарот е изгаснат. Досега нема пријава за повредени лица.
Истрагата за случајот е во тек.
Од Општина Карпош посочуваат дека откако училишниот противпожарен аларм сигнализирал дека во една просторија има повеќе чад, обезбедувањето и тројца вработени се симнале во работилницата, каде со училишниот хидрант и со два-три противпожарни апарати го локализирале пожарот. Инаку , за секој случај одговорните во училиштето повикале и амбулантно возило и противпожани возила. Заради безбедност и подрумскиот чад децата се ослободени од наставата и пуштени дома.
Фото: А. Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.