Договори со Европската банка за финансирање на изградбата на железничката делница Бељаковце – Крива Паланка и на експресни патишта и автопат со Програмата за национални патишта, проекти со вкупна вредност од 305 милиони евра, ќе биде потпишан денеска во Скопје.
Договорот со претставниците на ЕБОР ќе го потпише вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, а ќе присуствуваат и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорите на ЈП Државни патишта и ЈП Железници – инфраструктура Љупчо Георгиевски и Ирфан Асани.
Со задолжување од 145 милиони евра треба да се се овозможи изградба на железничката делница Бељаковце – Крива Паланка во должина од 34 километри, втор дел од пругата за железничко поврзување на Македонија со Бугарија на Коридорот 8.
Со Договорот за заем од ЕБОР за финансирање на Програмата за национални патишта се обезбедуваат 160 милиони евра. Реализацијата на Програмата ќе се одвива преку две транши, во износ од 74 милиони евра и од 86 милиони евра. Првата транша треба да овозможи изградба на првата фаза од експресниот пат Прилеп – Градско, реконструкција на патниот правец Штип – Кочани на ниво на експресен пат, а втората транша за изградба на експресен пат Охрид – Пештани и автопат Струга – Требеништа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Претставување на аудио-визуелниот проект „Die! Goldstein“
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот